За 5 до 10 години ќе имаме жив диносаурус?

Сподели со своите пријатели

Научниците тврдат дека би можеле да создадат жив диносаурус и тоа за само пет до 10 години, инспирирани со генетските инстражувања на палеонтологот др. Алан Грант протагонист од филмовите „Парк од времето на Јура“.

Др. Џек Хорнер, кој работел како консултант на сите етири филма од серијалот, верува дека одговорот на таа можност лежи во пилињата.

Во раните 90-ти години од минатиот век, кога Хорнрер бил советник на Ситен Спилберг, научниците претпоставувале дека клучот на можно повторно создавање на праисторискиот вид е ДНК од диносаурусите. Меѓутоа, понатамошните проучувања на остатоците на ДНК покажале дека тие се деградирале, поради што првобитната претпоставка е отфрлена.

Во Шкотска пронајдени отисоци од диносаурус стари 170 милиони години (ФОТО)

Loading...

Науниците од Харвард и Јелј од тогаш се свртеле кон постапка на обратна еволуција, односно мутирање на денешното пиле наназад до неговите праисториски корени.

– Секако дека птиците се диносауруси, ние само треба да ги поправиме за да повеќе личат на диносаурусите, рекол др. Хорнер за списанието „Пипл“.

Тој навел четири главни разлики помеѓу диносаурусите и птиците. Тоа се опашките, горните и долни екстремитети и уста.

Хорнер со својот тим веќе работел на измени на одредени елементи на генетика на пилиња, манипулирајќи со генетиката на нивните ембриони. Со обратен инжинеринг успеал клунот да го „претвори“ во нушка на диносаурусот велоцираптор. Меѓутоа, тој вели дека крилјата и нозете ќе биде многу потешко да се развиваат.

– Опашката е најзначајнито дел од проектот. Сепак, во псоледно време успеавме да постигнеме нешто што ни дава надеж дека таа работа нема да трае уште многу време, додава тој.

Октирен костур на диносаурус стар 66 милиони години (видео)

Овој вид генетски инженериг се работи во ембрион кој почнува да се формира. Научниците користат генетички маркери за да ги идентификуваат моментите кога одредени гени се „исклучуваат“ и „вклучуваат“.

– Одредувајќи ги моментите кога определени гени се „исклучуваат“ и „вклучуваат“ можеме да сфатиме дека опашката почнува да се развива. Ние нема да „поправуваме“ ген, за да тоа не спречи опашката и натаму да расте и да се развива, додава научникот.

Случајно или намерно, овие информации за истражувањата се објавени токму во време кога во светот започнува да се прикажува четвртиот дел од серијалот „Парк од времето на Јура“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Да умрев вчера немаше да го знам ова“! За што служи металниот дел на пакувањето со салама?

Leave a Reply