За 22 проценти намален бројот на кривични дела во СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

За 22 отсто бил намален бројот на кривични дела во Секторот за внатрешни работи Куманово во изминатите десет месеци.

Loading...

 

 

Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата посета на СВР Куманово, СВР Тетово и Регионалниот центар за гранични работи Север.

 

 

Loading...

Целта на посетата на спасовски и претставници на Бирото за јавна безбедност, како што потенцираше министерот, е увид во работата на овие полициски единици и резултатите од постапувањето на полициските службеници по поставените стратешки приоритети и цели, со цел зголемување на безбедноста во заедницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

– Радува податокот што на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во изминатите 10 месеци имаме намалување на бројот на кривични дела за 22 проценти, споредено со истиот период лани, а паралелно со ова намален е и бројот на пријави во областа на јавниот ред и мир за 12 проценти. Кај класичниот криминалитет се бележи намалување на бројот на кривични дела за 17%, а намалување од 58% е евидентирано кај економскиот криминалитет. Во областа организираниот криминал имаме за 40% поголема реализација во расчистувањето на овие кривични дела”, истакна министерот Спасовски.

 

 

Според првиот човек на МВР, Секторот за внатрешни работи Куманово годинава интензивно работел и во борбата со ендозволена трговија со дрога, при што спровеле 52 претреси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

– Поднесени се 44 кривични пријави против 47 сторители и запленети разни видови дрога: марихуана, хероин, кокаин, хашиш, амфетамин, МДМА, семки од растението канабис сатива. Посебно добри резултати се постигнаа со реализацијата на активностите од оперативниот план „Безбедно лето 2023’”, рече Спасовски.

 

Loading...

 

Министерот ја истакна и превентивната улога на кумановската полиција, потенцирајќи дека биле реализирани 1.505 превентивни активности, на теми:„Полиција и граѓаните“, „Безбедни училишта“ „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“, „Безбедно во сообраќајот“ и други.

Никола Ивановски