За 100 евра браќата од Крива Паланка го убиле и запалиле старецот

Сподели со своите пријатели

За шест илјади денари двајца браќа од кривопаланечкото Луке го убиле и запалиле осумдесет и четиригодишниот Љ.С.

Loading...

За З.Ф. (24) и С. Ф. (20), Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за убиство, а судот им одреди притвор.

– Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, велат денеска од ОЈО.

Како што појаснуваат од обвинителството, осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Икони, електричен алат и полначи запленети на Табановце

– Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија. Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет. Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории. На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења, велат од ОЈО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен жител на Липково, со БМВ возел 96 км/ч на место каде е дозволено 40

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово одреди мерка притвор за двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на настанот беа обезбедени со мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.

Никола Ивановски