Профитот е крајната цел на сè, па затоа секој размислува за начини како да заработи повеќе.
Така, новите корисници на поранешниот Твитер (секашен Икс) ќе треба да плаќаат мали парични надоместоци за да си отворат профили и да добијат можност за објавување, споделување и лајк.
Оваа вест не е нова, барем не за корисниците во Нов Зеланд и Филипините.
Text strings change detected (Website). pic.twitter.com/L5PGb79bCF
— X Updates Radar (@xUpdatesRadar) April 15, 2024
Таму веќе извесно време од новите корисници на X платформата се бара да платат по еден долар за да можат да споделуваат содржина на оваа мрежа.
Од компанијата велат дека не станува збор за зголемување на приходите, туку за кампањата Not a Bot, која треба да ги елиминира ботови и спам содржини.
Дојде време оваа практика да се шири во целиот свет.
Од новите корисници се очекува да плаќаат мала годишна претплата за да докажат дека не се ботови.
Веста ја потврди и Илон Маск – на својот X профил напиша дека плаќањето е неизбежно, бидејќи има се повеќе ботови, а оние со вештачка интелигенција и бот фарми лесно ги надминуваат претходните тестови кои потврдуваат дека некој не е бот“.
Unfortunately, a small fee for new user write access is the only way to curb the relentless onslaught of bots.
Current AI (and troll farms) can pass “are you a bot” with ease.
— Elon Musk (@elonmusk) April 15, 2024
Се чини дека ерата на препознавање на семафорите на фотографии заврши.