Српскиот вицепремиер Александар Вулин и секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу во разговор во Москва го потврдија категоричното отфрлање на надворешно мешање во внатрешните работи на суверените држави и интензивирање на дијалогот со цел да се спротивстават на „обоените револуции“, соопшти денеска српската Влада.
Руската страна изрази подготвеност да продолжи да му дава поддршка на народот на Србија во одржувањето на стабилноста, а соговорниците се согласија да го интензивираат меѓуресорскиот дијалог со цел да се спротивстават на „обоените револуции“, се вели во соопштението.
Вулин и Шојгу се договорија да продолжат со контактите преку рускиот Совет за безбедност во интерес на зајакнување на традиционално пријателските врски меѓу Србија и Русија, како и двата народа, соопшти српската влада.