Седуммина членови на пошироката фамилија на малиот Ајлан Курди од Сирија чија фотографија го обиколи светот како лежи удавен на плажите во Грција, доби право на азил во Канада, јавува ТВ каналот СБС.
Тетката на малиот Ајлан која живее близу до Ванкувер, вели дека од канадските имиграциски служби била информирана за одобрувањето на бегалскиот статус на вујкото на Ајлан, неговата сопруга и нивните пет деца.
Канада идната седмица ќе започне со воздушен мост со кој до крајот на декември ќе прифати 10 илјади сиријски бегалци и уште 15 илјади во јануари и февруари следната година.
Потресната фотографија на мртвиот тригодинен Ајлан на плажата на грчкиот остров Кос кој се удави во обид до семејството да стаса во Европа, имаше голем публицитет во Канада, откако семејството на Ајлан одлучи да тргне по бегалскиот пат откако канадските власти им го одбија барањето за азил.
Во текот на патувањето, се удавија и неговиот брат и мајката на Ајлан.
Нивната молба за азил беше одбиена откако била непотполна, наведе подоцна Канадската сојузна агенција за државјанство и имиграција.