Вучиќ разговараше со Макрон во Тирана

Сподели со своите пријатели

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана.

Loading...

Вучиќ на својот Инстаграм профил изјави дека имал срдечна средба со Макрон, со кого разменил мислења за, како што наведе, актуелните глобални прашања, но и за поврзувањето на Западен Балкан со ЕУ и европскиот пат на Србија.

„Разговаравме и за регионалната стабилност и ја повторив доследната посветеност на Србија за зачувување на мирот и дијалогот, како единствен начин за решавање на сите прашања“, напиша претседателот Вучиќ со фотографија од средбата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кому пречи Олимпијадата? Напад на железницата во Париз за да се парализира градот