Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по состанокот со Антонио Тајани, претседателот на Европскиот парламент, соопшти дека го прифаќа повикот на претседателката на Хрватска Колинда Грабар и дека кон средината на февруари патува во Загреб.
Претседателот Вучиќ на почетокот на обраќањето кон медиумите истакнал дека му е чест што Тајани е во посета на Србија и се заблагодари за поддршката која ја пружа на државата на патот кон ЕУ.