Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на ноќта постепено ќе се зголемува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Куманово и околината денеска не очекува сончево време со минимална облачност и многу слаб ветер од западен правец. Минималната температура измерена утирнава беше 10 степени под нулата, а исто толкава вредност се најавува и во текот на вечерните часови, а попладне се очекува вредност од 2 степени целзиусови.
И во наредните денови родолжува периодот на стабилно, суво и студено време, додаваат од УХМР. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени. Од средината на наредната недела со очекува затоплување.