22.05.2015 07:31

Временска прогноза за продолжениот викенд

Facebook Twitter Google+

Во петок во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Врнежи од дожд ќе има во северозападните, западните и југозападните предели, како и во крајните североисточни предели.

Врнежите од дожд ќе бидат пропратени со засилен ветер кој некаде ќе достигне и брзина до 40 км/ч, па поради тоа локално можно е да има појава на невреме.

Loading...

Важно е да се напомене дека не се очекуваат обилни врнежи од дожд.

Утринските температури од 7°C до 18°C, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 19°C до 29°C. УВ индекс 2.

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 26°C. УВ индекс 2.

Во сабота преодна стабилизација на времето. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Минималните температури од 7°C до 17°C, а максималните ќе достигнат до 22°C односно до 32°C. УВ индекс 8.

Во недела претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончевио периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и пад на температурите. Утринските од 5°C до 15°C, а дневните ќе се движат од 20°C до 30°C.

Нестабилно со услови за локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник. Утринските од 6°C до 16°C, а дневните ќе се движат од 17°C до 27°C.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments