М.Ј. (55) од Скопје, а вработен во ЕВН Македонија ќе одговара кривично поради постоење основи на сомнение дека стоил кривично дело „примање поткуп“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено во периодот од крајот на 2014 до ноември 2015 година, пријавениот како раководител на ХЕЦ-Куманово иако бил должен да одобри наплата на доспеани фактури, истиот во повеќе наврати побарал и примил вкупно 9.500 евра од Љ.К. (55) од Куманово, сопственик на фирмата „Електро Куманово“ кој имал склучено спогодба со ЕВН Македонија за цените за редовно и вонредно сервисирање на енергетскиот систем, реконструкција, монтажа и сл.
Секторот за внатрешни работи Куманово против скопјанецот поднесе соодветна кривична пријава.