Вработен е во „Google“, а живее во камион

Сподели со своите пријатели

Брендон е 23-годишник кој веќе неколку месеци работи во една од најпосакуваните компании, во Гугл. Кога се доселил во Сан Франциско, наместо да изнајми стан се одулич на еден необичен потег.

Loading...

Брендон одлучил да живее во камион кој чини 10 илјади долари, а главната причина за тоа се енормно скапите станови кои се изнајмуваат во овој град. Тој не сакал да изнајми стан поради куството од минатата година кога живеел во Сан Франциско и со тројца цимери и две соби плаќал 2.000 долари месечно.

Сфатив дека плаќав енормно голема сума на пари за стан во кој практично само спиев, а по цел ден бев некаде излезен. Мислам дека тоа не се исплати – изјавил Брендон.

Неговиот единствено трошок кој го плаќа се 121 долар месечно. Во приколката на камионот има кревет и орман за некои лични предмети. Нема струја, а како што вели не му е ни потребна.

Сега до работа му треба помалку од минутка, затоа што неговиот камион е паркиран на паркингот на компанијата Гугл. Целта му е да заштеди пари за да може да патува низ светот.

Доколку сакам да патувам низ светот, ова е почетокот од кој морам да тргнам. Никогаш нема да бидат во подобра прилика да го пробам ова затоа што сум млад и не морам да се грижам дали мојата одлука ќе влијае врз некој – заклучува Брендон.

Тој веќе пет месеци живее во камионот, но се уште не знае до кога ќе продолжи со ваквиот начин на живеење.