Возел мотор со 1,52 промили алкохол, приведен 39-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен кумановец бил приведен ноќва во населбата Перо Чичо, откако полицијата констатирала дека возел мотор со 1,52 промили алкохол.

– На 22.08.2026 во 01:55 часот на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.А.(39) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, запрен е мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, кој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Пожарникарите помагаат во Липково, но не го оставаме Куманово без резервни тимови (ВИДЕО)

– По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски