Странците со над 180 илјади прекршоци од почетокот на „Безбеден град“

Сподели со своите пријатели

Возила со странски регистарски ознаки направиле над 180 илјади сообраќајни прекршоци од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

Од 2 февруари до 20 август 2026 година, системот регистрирал вкупно 180.378 прекршоци сторени од возила со странски таблички.

Само во периодот од 19 до 20 август биле евидентирани дополнителни 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки.

Инаку, вкупниот број на прекршоци регистрирани преку „Безбеден град“ во наведениот период изнесува 310.865, од кои 301.835 се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Арбанашко натепан во Ајдучка Чешма

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот, вклучително и возачите на возила со странски регистарски ознаки, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Никола Ивановски