„Тумбсток“ утре на Градскиот плоштад во Куманово со 18 музички имиња

Сподели со своите пријатели

На Градскиот плоштад во Куманово утре, 23 август, ќе се одржи шестото издание на музичкиот настан „Тумбсток“, со почеток во 20 часот.

На овогодишното издание ќе настапат 18 музички имиња од современата урбана сцена – David Black, La Mqrio, Kane & Lazae, Luce, Dimsa, Double G Mafia, Kriss, Zaff, TZ, Ziro, Togzi, Batec, G, Dina Ducevska, Edno Dete, Dame, Yungkilla и CV.

Ѕвезда на вечерта ќе биде Тајзи.

„Тумбсток“ низ годините прерасна во препознатлив музички настан кој ги обединува љубителите на урбаната музика, младите, локалните артисти и публиката од Куманово и поширокиот регион.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  19-годишник натепан на викендица во Драгоманце

Настанот има цел да ја збогати културната и музичката понуда во градот, да создаде простор за настап и промоција на различни музички артисти, како и да придонесе кон поголема афирмација на македонската и локалната музичка сцена.

Организаторите најавуваат динамична музичка вечер со содржина за различни генерации и вкусови, со посебен акцент на современата урбана музика.

Настанот го организира Центарот за рурален развој „Бујрум“ со поддршка од Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски