Вонземска материја пронајдена во планини во Јужна Африка

Сподели со своите пријатели

Во новата судија на CNRS Центар за молеукларна биофизика во Франција, научниците откриле вонземска органска материја „заробена“ во вулкански карпи долж планината Маконџва во Јужна Африка, стари повеќе од три милијарди години.

Loading...

Од ранатаисторија на Сончевиот систем, метеорите и другите вселенски карпи ја бомбардирале Земјата, а според некои теории, донеле и градбени блокови живот кои овозможиле формирање на животот на Земјата.

Наоѓањето на вонземска материја во планини во Јужна Африка изгледа дека ги потврдува теориите, пренесува сајтот advocator.ca.

– Ова е прв пат да пронајдеме реални докази за вонземски јаглерод во карпи на Земјата, вели Францес Вестал, астробиолог од CNRS.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Семејство купило остров и завршило во љубовен триаголник, киднапирање и смрт!

Бугарски професор тврди дека вонземјани киднапираат луѓе

Во Џозефсдал Черт, вулканското лежиште пронајдени се наночестички на никел, хром и железо, нешто што не било вообичаено меѓу карпите кои се формирале на Земјата.

– Овој факт исто така сугерира дека споменатиот слој на камења се појавил благодарение на судирите на вселенските карпи кои доаѓаат од длабоката вселена, објаснил Дидије Гурије, автор на студијата.

Во заклучокот, научници изнеле теорија дека вонземската органска материја паѓала ан Земјата со микрометеорити кои семмешале во атмосферата со вулканската пепел, а потоа биле заробени во вулканските карпи на планината Маконџва во Јужна Африка.

Loading...

Leave a Reply