Во главниот град на Украина Киев денеска почнаа вонредни прекини на електричната енергија, соопшти прес-службата на градското електростопанство.
„Во Киев има вонредни прекини на струја“, се вели во соопштението на компанијата објавено на нејзината веб-страница, пренесе ТАСС.
Претходно, во областа на Одеса почнаа итни прекини на електрична енергија.
Електростопанството Укренерго претходно објави дека од денеска ќе има прекини на струја низ цела Украина.
Руските ракетни напади уништија речиси половина од енергетскиот систем на Украина, а градските власти во Киев минатата недела предупредија дека е можно целосно затемнување во главниот град.
Во текот на изминатите неколку недели, Русија ги засили своите напади врз украинските енергетски капацитети.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.