Кон крајот на педесетитте и почетокот на шеесетитте години од минатиот век американската војска истражувала на кој начин ЛСД може да се користи во борбени цели.
Секако, за да го проверат влијанието на халуциногените влијанија на луѓето, воените научници првин спроведувале експерименти на животни, а некои од тие снимки од тестирањето се објавени. Пред некој ден е објавен краток филм „Mental Incapacitators – Psychochemicals“ од 1959 година кој покажува како ЛСД влијае на мачките.
Во текот на краткиот филм мачките имаат затворен простор во кој им се става глушец кој тие јасно и моментално го уловуваат. Но, откаок во просторот е испуштен ЛСД мачката по кратко време станува целосно параноична и на два глувци пуштени во нејзиниот простор реагира панично, скокајќи подалеку од нив.
Фото: Јутуб принтскрин