„Водовод“ Куманово: Пречистителната станица работи, но граѓаните да бидат совесни

Сподели со своите пријатели

Прeчистителната станица за третман на отпадни води во Куманово е во функција, уверуваат од Јавното претпријатие „Водовод“. Ваквата реакција следува по поморот на риби кој се случи во реката Кумановка, додека пак реката Пчиња беше обоена во виолетова боја.

Loading...

 

 

Од претпријатието додаваат дека вчера бил извршен инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина при што не биле утврдени никакви неправилности.

– На вонредниот инспекциски надзор присуствуваа и претставници од рибарското друштво, и е утврдена нормална функционалност на Пречистителната станица. Излезните параметри на пречистената вода од втора категорија се во граници на нормала пропишани по стандарди од Европска унија, стои во соопштението лиферувано на социјалните мрежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

 

Loading...

 

ЈП „Водовод“ истакнува дека прeчистителната станица за третман на отпадни води е отворена за сите кои имаат интерес да се запознаат со функционалниот процес за пречистување на отпадни води.

 

 

Во меѓувреме апелираат граѓаните да се однесуваат совесно, оти станицата не е предвидена за  пречистување  на  атмосферските  води  и  отпадни  води  од  индустријата.

– За жал во Општина Куманово е сѐ поизразено несовесно користење на  канализацијата, со фрлање на секаков вид отпад во истата, како што се полупроизводи  од  индустријата, метални  предмети, коски од  животни, месо, кожа, разни  видови  на масла,  земјоделски  производи  и  слично.  Посебен  проблем  претставува фрлањето на градежен шут, текстил и влажни  марамчиња,  кои  предизвикуваат  големи  дефекти и проблеми  во работењето  на  станицата, истакнуваат од ЈП „Водовод“. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите

 

Loading...

 

Ваквото несовесно  и  несоодветно  користење на  фекалната  канализација, велат од „Водовод“, предизвикува механичко оштетување на скапата инсталиран опрема на станицата, а воедно претставува и дополнително финансиско оптеретување на самото претпријатие.

– Се надеваме дека нашиот  апел ќе наиде на разбирање и ќе ја разбуди  еколошката свест  кај  граѓаните, стои во соопштението.

 

 

Инаку станицата е проектирана за 18.000 м3/ден како еднодневен проток и 1.300 м3/час едночасовен проток. Станицата за пречистување на отпадни води биолошки степен на прeчистување со проектиран капацитет од околу 91 000 ЕЖ.

Loading...

Никола Ивановски