Помор на риби во Кумановка, водата во Пчиња виолетова (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По пријавата од рибари дека има помор на риби под т.н Искрин мост во кумановско, Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор, во пречистителната станица во Доброшане, инфорираа од инспекторатот.

Loading...

 

 

– Во недела 31 јули по добивање на известување од рибари од Куманово за помор на риби долж река Кумановка влив со река Пчиња извршен е вонреден инспекциски надзор во Куманово од страна на Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион-Канцеларија Крива Паланка, во правен субјект пречистителна станица во село Доброшане која при надзорот беше во функција. Надзорот во соработка со Државен инспектор за Земјоделство (аквакултура) продолжува во понеделник 1 август, соопштија од инспекторатот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

 

 

Loading...

Оттаму најавуваат дека утре ќе биде извршен и вонреден инспекциски надзор во општина Старо Нагоричане, бидејќи граѓаните на социјалните мрежи алармираа дека се испушта одредена течност во реката Пчиња кај село Драгоманце, по што бојата на водата се менува во виолетова.

 

 

– Во понеделник 1 август ќе биде извршен и вонреден инспекциски надзор во Општина Старо Нагоричане во соработка со овластен инспектор за животна средина согласно надлежноста, кај правен субјект за обработка на печурки, цвекло и друг зеленчук поради основано сомневање за деградација на река Пчиња кај м.в Драгоманце со отпадни води од технолошки процес, врз основа на добиени информации преку социјални мрежи, објавија од инспекторатот за животна средина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

 

 

МИА / фото: Фејсбук

Loading...