Водата во Крива Река е опасна по живот. Има стотици пати повеќе цијанид! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Водата во Крива Река е опасна по животот и здравјето на луѓето, по хаваријата во рудникот Тораница, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски на прес конференција.

Loading...

Како што посочи тој, по направена анализа од акредитирана лабораторија, се покажало дека десеткратно е зголемено нивото на тешки метали во водата, а стотици пати повеќе присуство има на цијанид.

 

 

Како што посочи градоначалникот, Општина Крива Паланка ќе бара кривична одговорност.

– Го повикуваме јавниот обвинител итно да преземе мерки за санкционирање на сторителот на ова загадување согласно член 218 од Кривичниот законик кој предвидува затворска казна од 4 до 10 години за оној којшто со непридржување до прописите за заштита на животната средина ќе загади почва, вода, водна површина или водотек, изјави градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Продолжуваат дождливите денови

 

Loading...

 

Загрозен е не само водотекот, туку и почвата, но и водата на река Пчиња, земјоделските насади кои се наводнуваат од овие речни подрачјата, рече градоначалникот, но и сточниот фонд кој се напојува од реките, а со тоа и животот и здравјето на луѓето.

Во моментов водата од Крива Река е загадена, вели градоначалникот, при што освен присуство на олово и цијанид има зголемена ПХ вредност, азот, фосфор, нитриум и други тешки метали.

 

 

Од Државниот инспекторат за животна средина утринава информираа дека била извршена вонредна инспекција при што било утврдено дека е направен прекршок од трета категорија од страна на компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип во рудникот Тораница.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен кумановец кој возел со 1,52 промили алкохол

– Имено, според известување од страна на БУЛМАК, на 14.03.2025г., во период од 06:30 до 07:00 часот се случи инцидент поради пукање на цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, која не содржи хемиски средства бидејќи е истечена пред да дојде во погонот на флотација и содржи само механички онечистувања, односно е заматена, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

 

Според Министерството, Булмак ги известил дека во меѓу време дефектот се санира и е сопрено истекувањето на водата.

За компанијата БУЛМАК, е изречена каза од 200.000 евра и 10.000 евра за одговорното лице.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За 72 часа во Куманово наврнаа 43 литри дожд

– Законот мора да се почитува. Секој што ќе ја загрози животната средина ќе се соочи со санкции, без исклучок. Инспекциските контроли ќе продолжат со засилено темпо, а Министерството ќе инсистира на целосна транспарентност и одговорност. Ова е само еден од многуте чекори што ги преземаме за да обезбедиме чиста и безбедна околина за сите граѓани, вели министерот Изет Меџити.

Никола Ивановски

Loading...