Серија силни земјотреси го погодија Нов Зеланд

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Нов Зеланд, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на југот од земјата, на длабочина од 60 километри.

По него следеле низа неколку послаби земјотреси, од кои најсилниот бил 4,1 степен според Рихтеровата скала.

Според изјавите на очевидци, објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот траел околу 10-15 секунди, бил почувствуван интензивно, а куќите се треселе.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кинески активист избега во Јужна Кореја со гумен чамец. Патувал 300 километри