Поголем број улици во Куманово се во процес на реконструкција деновиве, на дел од нив се поставува асфалт, а на дел бекатонски плочки.
Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во тек е реконструкција на улицата „705“ во населбата Перо Чичо.
Вчера пак беше завршено асфалтирање на дел од улицата „Ѓорче Петров“ на влезот на истата населба. Станува збор за делот кај поранешен „Туш“ кој беше оштетен при реконструкцијата на надвозникот за пругата кон Бугарија.
Улицата „Цар Самоил” во близина на градски стадион во Куманово, исто така е во процес на реконструкција со поставување на нови бекатон плочки.
Во текот на изминатите денови беа асфалтирани улиците „320“ и „325“ во населбата Ајдучка Чешма.
Денеска е започнато и санирање на локалниот пат во селото Сушево.
Никола Ивановски