Во тек е подготовка за реконструкција на улица во село Лопате (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почнаа подготовките за реконструкција на улица во кумановското село Лопате, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово. Во ова село ќе се поставува бекатон.

Loading...

– Реконструкцијата е дел од програмата за одржување. Уредувањето со бекатон е влезено во годишната програма, за што претходно беше распишан тендер и градот и селата се поделени на две зони и избрани се две одделни компании, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

 

 

Куманово, во јуни годинава избра две компании за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки на територијата на Општина Куманово. Вкупно за двете зони од општинскиот буџет за реконструкција и санација со бекатон плочки одвоени се 16.453.878 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково натепал вработен во кумановската пајак служба

 

Loading...

 

Како што е наведено на веб-страницата на електронскиот систем за јавни набавки, реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки за западната страна на Куманово, избрана е компанијата „Ибро комерц 21 Ибраим и др.“ од Липково. Општината од буџетот одвои 8 милиони 260 илјади денари. За источната зона од градот за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки, избрана е скопската компанија „Билд Инг. За оваа зона општината одвои 8.193.878 денари.