Неделна прогноза за Куманово: Релативно топло, па врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и релативно топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и релативно топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи околу три степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме исто така сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово со превентивна акција: „Ако возиш, немој да пиеш“ (ФОТО)

Среда носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 5 до максимални 26 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максимумот ќе се искачи до 25 степени целзиусови.

 

 

Во петок ќе имаме облачно време со слаб до умерен западен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 22 степени целзиусови.

Сабота носи облачно време со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 9 до максимални 20 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем број пожари вчера во кумановско, се уште гори на две локации во Липково

Променливо облачно време ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од исток и југоисток, а температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 20 степени целзиусови.

 

 

Слично време, со благ пад на температурите, ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски