Со положување свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители во Диво насеље, денеска во Секторот за внатрешни работи Куманово беше одбележан Денот на македонската полиција, 7 мај.
– Денеска полициските службеници од СВР Куманово го одбележаа со низа активности. Од страна на раководството на СВР Куманово беше положено свежо цвеќе на загинатите припадници од кумановската полиција, а оддадена почит и свежо цвеќе беше положено и на споменикот во кругот на СВР Куманово за загинатите во Дива населба. Исто така во просториите на Секторот за внатрешни работи Куманово беше одржана пригодна свеченост, информираат од Секторот.
На одбележувањето присуствуваше раководството на кумановската полиција, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, државниот секретар во МВР Сашо Петрушевски, началникот на СВР
Куманово Никица Петрушевски, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и претставници на повеќе институции.
Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 Мај е прогласен за Ден на македонската полиција, во чест на настанот од 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО била извршена реорганизација на власта и безбедноста, како зачеток на организирана безбедност на населението и делегатите на Конгресот.
Никола Ивановски