Во Сомалија бомба експлодираше за време на преносот на финалето на Евро, загинаа голем број луѓе

Сподели со своите пријатели

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се повредени кога автомобил-бомба експлодираше пред популарно кафуле во сомалиската престолнина Могадишу во неделата за време на пренос од финалето на Европското фудбалско првенство, изјави портпаролот на полицијата.

Loading...

Меѓу загинатите има и пет лица кои минувале покрај кафулето кога експлодирал паркиран автомобил, рече портпаролот, додавајќи дека од силината на експлозијата е предизвикана сериозна штета на околните згради.

На почетокот не беше јасно дали возилото е бомбаш-самоубиец и дали други вооружени лица биле вклучени во нападот, рече портпаролот.

Инспекторите велат дека бројот на загинати може да се зголеми.

По нападот, во кафулето, кое е популарно меѓу државните службеници, владеела паника.

Ниту една група се уште не ја презела одговорноста за нападот.

Бомбашкиот напад ги врати сеќавањата на терористичкиот напад за време на Светското првенство во 2010 година од страна на радикалната исламистичка милиција Ал Шабаб во Уганда.

Тогаш таа сомалиска терористичка група постави бомби на локација во Кампала каде што стотици луѓе се собраа да го гледаат финалето на Светското првенство. Во тој напад загинаа 74 лица.

Loading...

Ал Шабаб, терористичка милиција поврзана со Ал Каеда, се спротивставува на фудбалот, тврдејќи дека е против нивната религија, а неодамна се обиде да изврши напад за време на фудбалски турнир на локалниот стадион во Могадишу.