Во Шпанија започна штрајкот на железничките работници, откажани се околу 320 линии

Сподели со своите пријатели

Денес, железничкиот синдикат го организираше првиот од сите 24-часовни штрајкови, што доведе до откажување на околу 320 брзи линии, како и на товарниот железнички сообраќај.

Штрајкот беше организиран бидејќи синдикатот е незадоволен од непочитувањето на договорот постигнат во ноември 2023 година.

Врз основа на декретот за минимална работа, од 360 планирани брзи и меѓуградски возови, 98 беа суспендирани, а од 642 линии товарни возови, 222 беа откажани, објавува агенцијата Ефе.

Сообраќајот е намален на минимум 75 проценти во Мадрид, Астурија, Кантабрија, Галиција, Кастиља и Леон, Севиља, Кадиз, Малага, Валенсија, Мурсија и Сарагоса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три лица се водат како исчезнати по експлозија во станбена зграда во Кина

Вториот целодневен штрајк е закажан за 15 јули.