Три лица се водат како исчезнати по експлозија во станбена зграда во Кина

Сподели со своите пријатели

Три лица се водат како исчезнати, а осум се полесно повредени во експлозија во станбена зграда во градот Хулудао во североисточната кинеска покраина Љаонинг, соопштија денес локалните противпожарни служби.

Експлозијата се случила утрово околу седум часот по локално време, а според прелиминарните информации, причината веројатно била истекување на течен гас, објави Синхуа.

На терен биле испратени 95 пожарникари и 14 противпожарни возила, додека повредените биле однесени во болница.

Спасувачките екипи сè уште ги пребаруваат урнатините, а истрагата за точната причина за експлозијата е во тек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Кина, 13 лица се повредени