Во септември во ЕУ 861.062 нови автомобили

Сподели со своите пријатели

Во земјите на ЕУ во септември се регистрирани 861.062 нови автомобили, што е за 9,2 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, објави Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).

Loading...

Ова е 14-ти последователен месец на раст на бројот на нови регистрирани автомобили во ЕУ, додава ACEA.

Пазарот на автомобили во Италија забележа раст на годишно ниво од 22,7 отсто, во Франција за 10,7 отсто, додека германскиот пазар забележа благ пад од 0,1 отсто.

Во септември се регистрирани најголем број нови возила на бензин – 34,1 отсто, потоа хибридно-електрични возила (HEV) – 27,3 отсто, електрични возила на батерии – 14,8 отсто и дизел автомобили – 12,7 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Германија ќе и требаат 288.000 странски работници секоја година до 2040 година

Бројот на нови регистрирани електрични возила на батерии е зголемен за 14,3 отсто на годишно ниво во септември, на 127.149 автомобили, пренесува Танјуг.

Во периодот од јануари до септември, бројот на регистрации на нови автомобили во ЕУ се зголемил на годишно ниво за 16,9 отсто, односно за осум милиони возила.

И покрај добрите резултати, продажбата на нови автомобили е за 20 отсто помала во однос на истиот период од 2019 година, кога беа регистрирани 10 милиони возила.