Во Саудиска Арабија жените ќе можат да започнат бизнис

Сподели со своите пријатели

Жените во Саудиска Арабија наскоро ќе можат да започнат сопствен бизнис без одобрение на машкиот член на семејството, што досега беше основен предуслов, пренесуваат локалните медиуми.

Како што се наведува, станува збор за голем напредок, затоа што жените во таа држава отсекогаш биле условени од одлуките на мажите, татковците или браќата.

Покрај тоа што сака да стане отворно општество, Саудиска Арабија со оваа одлука потикнува побрз развој на приватниот сектор, кој би требало да го обезбеди просперитетот на државата во „постнафтената ера“.

Жените сега можат да започнат сопствени бизниси без одобрение на чуварот, соопштило Министерството за трговија и инвестиции, пренесува Синхуа.

Ова аодлука следува десетина дена откако од кабинетот на државниот јавен обвинител е соопштено дека прв пат ќе биде распишан конкурс на кој ќе може да се јават и жени.

Неодамна прв пат беше распишан и конкурс за прием на жени на 140 работни места на аеродромите и граничните премини, а според соопштението од владата пристигнале неверојатни 107.000 пријави.


Leave a Reply