Во сабота ќе се одржи финале во турнирот ”Видовдан 2015”

Сподели со своите пријатели

Турнирот во мал фудбал ”Видовдан 2015” , во организација на Српската заедница во Македонија р.о. Куманово е во самата завршница.

Loading...

Вечерва ќе се одиграат  полуфиналните натпревари, од кои првиот со почеток во 19 часот помеѓу екипите на Бос М -Здравје Радово и вториот помеѓу Форшпед – Хармонија.

Финалето на турнирот е предвидено да се одигра во сабота во 20 часот, а претходно ќе се одигра натпреварот за трето место и ревијалниот натпревар пред самото финале помеѓу ветераните на ФК Вардар и ветераните на Српската заедница.

За најдобрите три екипи се предвидени пехари и медали, а исто така има пехари и пригодни награди за најдобриот играч, стрелец и голман.

Српската заедница ги повикува сите граѓани да бидат дел од финалето кое ќе се одигра на теренот кај Соколана во сабота во пресрет на празникот Видовден.