Во Русија вакцинирани повеќе од седум илјади војници

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 7.000 припадници на руската армија се вакцинирани против коронавирусот, изјави денеска заменикот министер за одбрана Тимур Иванов.

Loading...

– Од почетокот на декември добивме 14.500 вакцини. Оваа количина е испратена до Северната флота и штабот на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Од нив, вакцинирани се 7.175 припадници, објасни Иванов, пренесува ТАСС.

Според него, исполнети се сите услови за транспорт, бидејќи руската вакцина мора да се чува на температура од минус 18, а за тоа биле користени специјални контејнери и фрижидери.

– Во моментов вакцинираме повеќе од 1.500 наши припадници на ден, додаде рускиот заменик-министер за одбрана.

Сања Костовска

Leave a Reply