Топлотните бранови што ја погодија Европа ова лето не предизвикаа само рекордно високи температури и изгорени полиња: во италијанската река По, погодена од суша, нивото на водата е толку ниско што се пронајдени остатоци од бомба од Втората светска војна.
Во неделата воени експерти ја деактивираа и извршија контролирана експлозија.
Бомбата тежела 450 килограми и била откриена на 25 јули во близина на северното село Борго Вирџилио, во близина на Мантуа.
– Бомбата ја пронашле рибари на брегот на реката По поради нискиот водостој предизвикан од сушата – изјави полковникот Марко Наси.
Поради деактивирање на бомбата, армијата евакуираше речиси 3.000 луѓе кои живеат во близина.
Исто така, накратко го затвори воздушниот простор над таа област и ја прекина пловидбата по тој дел од реката, како и железничкиот и патниот сообраќај.
Контролираната експлозија на бомбата била извршена во каменолом во Медола на околу 45 километри.
Реката По, која обезбедува речиси три третини од земјоделското производство во Италија, е погодена од најтешката суша во последните 70 години.