Во пресрет на Ден на Европа: Квиз натпревар во ОСТУ ”Наце Буѓони” (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Седма година по ред, денес во Општинското средно техничко училиште ”Наце Буѓони’ се одржа квиз натпревар по повод 9 Мај – Ден на Европа. Учениците од петте средни училишта во градот, како на македонски, така и на албански јазик, ги одмерија знаењета од областа на Европската Унија ви вид на прашања каква е целта на креирање на унијата, иднината на еврото, но и придобивките од членство на Македонија во ЕУ.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”31″]

Според професор по граѓанско уредување, Светлана Илиевска – Алексовска, воедно и иницијатор на квизот пред седум години, квизот во знаење од областа на Европската Унија има за цел развивање на знаењата во процес кога Македонија се стреми за влез во ЕУ.

Освен квизот на знаење, денес во СОУ ”Наце Буѓони” се организираше и изложба на цртежи од учениците кои твореле на тема ЕУ во текот на изминатите години, вели , Арменд Мехмети, координатор на ЕУ Инфо Точка при Општина Куманово.

Учениците на денешниот квиз без поделени во две групи и одговараа на прашања на македонски и на албански јазик.

Loading...

 

Leave a Reply