Потрошувачката на кафе скоро двојно е зголемена во последните 20 години, соопштено е на саемот за кафе во Богота.
Директорот на Меѓународната организација за кафе (ICO), Робеиро Оливеира вели дека никогаш во светот не се пиело толку кафе како во последните 20 години во кои подрошувачката е дуплирана.
Оливеира вели дека е оптимистичен во погледнот на понатамошната потрошувачка и покрај лошите перспективи за овогодинешниот производтсвен насад по силните дождови во Бразил, која е и најголемиот светски произведувач, сушата во Колумбија и болестите на кафето која е забележана на плантажите во Централна Америка.
Дождовите во Бразил се предмет на загриженост, затоа што тоа може да претставува проблем во поглед на понудата на кафе, затоа што производството паѓа, што би можело да доведе до недостаток на меѓународниот пазар – вели Оливеира.
Побарувачката на кафе константно расте на годишно ниво во просек по 2,5%.
Според податоците на ICO, потрошувачката на кфе во светот за десет години ќе се зголеми на 25 милиони вреќи годишно( во една вреќа има по 60 килограми кафе).