По повод празникот ”Видовдан”, најголем празник на Србите, не само во Македонија туку насекаде во светот, Српската заедница во Македонија регионална организација во Куманово, организира турнир во мал фудбал ”Видовдан 2015″.
Овој турнир е традиционален и ова година се организира по 15 -ти пат, на теренот кај поранешната спортска сала Соколана.
Турнирот ќе започне на 15 а предвидено е да заврши на 27 Јуни кога ќе се одржи и финалето на турнирот. На турнирот ќе се натпреваруваат 16 реномирани екипи кои ќе бидат поделени во 4 групи.
Првите две екипи од групата одат понатаму, соопштија организаторите.
За првите три екипи се обезбедени пехари и медали, а исто така ќе бидат наградени и најдобриот голман, стрелец и најдобриот играч на турнирот.
Како што е најавено, пред финалето ќе биде одиграна ревијален натпревар помеѓу ветераните на ФК Вардар и една екипа.
Српската заедница во Македонија ги повикува сите граѓани на Куманово да бидат дел од турнирот, со оглед дека ова манифестација е една од најдобро организираните спортски настани на ниво на градот.
Натпреварите започнуваа во 18 и ќе траат до 22 часот.