Во Индонезија имаат во план да изградат навистина необичен затвор. Истиот наместо чувари ќе го обезбедуваат крокодили.
Се прашувате зошто индонезиските власти се одлучиле на ваков чекор? Па затоа што во последно време се повеќе се појавуваат случаи на подмитување на чуварите во затворите, така да властите на оваа азиска земја сметаат дека ова е најдоброто решение.
Планот е таков, што крокодилите ќе бидат распоредени во водите околу затворскиот остров чија точна локација уште не е објавена, а во „крокодил затворот“ би требало ад бидат затворени шефови на нарко картели.
Оваа идеја на властите во Џакарта им ја предложил Буди Васесо, шеф на Агенцијата за борба против продажба на дрога, кој најави обиколка на сите индонезиски острови во потрага по локација погодна за алигаторите.
Крокодилите не можат да се подмитат, ниту заплашат да ги пуштат затворениците на слобода. Ќе ги распоредиме што повеќе можеме околу островот, а моментално бараме „најбесни“ крокодили – вели Васесо.
Инаку доколку не сте знаеле, Индонезија веќе има еден од најострите закони против дилерите како што е смртна казна со стрелање.
Со напомена дека така во 2014 година на смрт биле осудени седум странски наркодители, вклучувајќи двајца австралиски државјани.