Телевизија Алфа го најавува своето прво реално шоу од музички тип, кое во недела ќе започне да се емитува низ македонскиот етер под наслов „На иста адреса – Академија 1“.
Улицата е ТВ шоу, каде талентот преку ангажман на клучните професионалци за создавање на ултра-ѕвезда ќе прерасне во уметност, велат од Алфа телевизија.
Оваа реално шоу кое ќе трае сто дена ќе ни понуди околу 700 часа забавна музичка програма, а преку истото ќе ја пронајдеме новата македонска музичка ѕвезда.
Во оваа шоу млади музички таленти откако ти месеци ќе бидат затворени во луксузна вила ќе се претставуваат пред македонската јавност со својот талент и ќе имаат можност да се покажат како вистински музички ѕвезди.
Конечно македонската јавност ќе види нешто што не доаѓа од соседна Србија, туку целосно македонски проект кој веруваме ќе биде интересен за сите.