Во недела авионско прскање против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во недела во раните утрински часови ќе биде извршено авионско прскање против возрасна форма на комарци на подрачјето на Куманово.

Loading...

Како што информираат од Општина Куманово, прскањето ќе биде вршено на на 16 јуни (недела), во раните утрински часови, во временски период 05:00- 08:00 часот.

Прскањето ќе се реализира по течение на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол и Тоде Мендол, централното градско подрачје и прочистителната станица ЈП Водовод во село Доброшане

Прскањето, како што потенцираат од општината, ќе биде вршено со биоцидниот производ КULFAK 50 EC.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вечерва промоција на романот „Роботот 1971“ на Бобан Богатиновски

– Се известуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите, додаваат надлежните.

Доколку временските услови се неповолни, прскањето се одложува за нареден ден.

Никола Ивановски