Во Мексико уапсена цела полициска станица, градот остана без полицајци

Сподели со своите пријатели

Сите 27 припадници на полициската станица во мексиканскиот град Окамп се притворени под обвинение дека се вмешани во убиство на кандидат за градоначалник Фернандо Ангелес Хуарес (64).

Непознати напаѓачи во четврток го убиле Хуарес со огнено оружје недалеку од неговиот имот, пренесува ВВС.

Повеќе од 100 политичари се убиени ширум Мексико во предвечерието на општите избори закажани на 1. јули.

Зошто во Мексико не треба да излегувате од дома точно во 17:45 часот? (ВИДЕО)

Loading...

Хуарес е трет политичар убиен во западната држава Мичоакан за само недела дена. Хуарес бил успешен бизнисмен со малку искуство во политиката.

Неговиот близок соработник рекол дека Хуарес не можел да поднесе толку сиромаштија, нееднаквост и корупција и дека поради тоа одлучил да се кандидира на претстојните избори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приходите на Ериксон нагло паднаа

Leave a Reply