САД подготвуваат поништување на 200.000 визи за странци

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да ги откаже деловните и туристичките визи за дури 200.000 странци кои поднеле барање за азил или моментално бараат азил во САД, според документите на Стејт департментот.

Во наредните недели, Стејт департментот треба да започне со откажување на таканаречените визи Б1 и Б2 издадени помеѓу 2016 и 2026 година на нивните носители кои поднеле барање за азил или моментално бараат азил во САД, објави АП.

Мерката се спроведува во координација со Министерството за внатрешна безбедност на САД.

„Се координираме со Министерството за внатрешна безбедност за да ги идентификуваме и поништиме неимигрантските визи на странците кои дошле во САД тврдејќи дека се краткорочни посетители, но потоа поднеле барање за азил за трајно да останат тука“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паѓаат цените на нафтата на светските берзи, Брент е 89 долари за барел

Тој одби да го потврди бројот на визи што би можеле да бидат поништени, велејќи дека процесот ќе биде постепен и дека бројот ќе биде променлив.

Службениците рекоа дека откажувањата на визите нема автоматски да значат итна депортација.

Поголемиот дел од лицата чии барања за азил се во тек ќе бидат рекатејгоризирани, но ќе го изгубат својот статус на деловни или туристички патници.

Заменик-државниот секретар Кристофер Ландау ги критикуваше луѓето за кои вели дека користат деловни и туристички визи за да влезат во САД, а потоа да аплицираат за азил.

„Азилот не треба да биде дупка во законот за заобиколување на законите за имиграција“, напиша тој на социјалната мрежа X.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 35.000 луѓе починаа во Европа поради топлотни бранови летово

Визите Б1 се издаваат главно за деловни патувања, додека визите Б2 се наменети за туризам, посети на семејство и пријатели или медицински третман.

Кандидатите за овие визи мора да потврдат дека немаат намера да бараат азил во САД и да покажат дека планираат да се вратат во своите матични земји.

Во изминатите 18 месеци, Стејт департментот откажа околу 175.000 визи за лица осудени или обвинети за кривични дела, вклучувајќи возење под дејство на алкохол, силување и грабеж, како и за лица кои јавно ја критикуваа политиката на САД, особено во однос на Блискиот Исток.

Документите на Стејт департментот до кои дојде АП покажуваат дека прегледот на тековните носители на визи Б1 и Б2 е инициран откако Стејт департментот добил податоци за барањата за азил од Службата за државјанство и имиграција на САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сообраќајот низ Ормутскиот теснец нагло се намали поради обновениот притисок врз Иран