Во Луганск е започната итна евакуација на населението

Сподели со своите пријатели

Жителите на областа Луганск во источна Украина се повикани на итна евакуација.

Loading...

„Следната недела може да биде тешка. Ова може да биде последна шанса да ве спасиме“, рече шефот на регионалната управа на Луганск, Сергеј Гаидаи, цитиран од Би-Би-Си.

 

Медведев се заканува: Европа ја очекуваат празни полици, криминал, хиперинфлација и банкрот

 

Во фокусот на руските сили е окупацијата на Луганск и Доњецк, кои се дел од регионот Донбас во источна Украина, област богата со јаглен во која се произведува и челик, се наведува во извештајот на украинската новинска агенција УНИАН.

Непосредно пред почетокот на војната во Украина, официјална Москва ја призна независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР) во областа Домбас во источна Украина.