Повеќе од 1.000 тела се пронајдени во источниот либиски град Дерна, откако беше погоден од поплави, изјави во вторникот министерот на источната администрација, додавајќи дека засега не е можно да се знае вкупниот број на жртви, но биде многу висока.
Loading...
– Се вратив од Дерна. Катастрофално е. Телата лежат насекаде – во морето, во долините, под зградите – изјави за Ројтерс по телефон Хихем Чкиуат, министер за цивилна авијација и член на Комитетот за вонредни состојби.
– Бројот на пронајдени тела во Дерна е повеќе од 1.000 – рече тој.
Се очекува конечната бројка да биде „навистина, навистина голема“.
– Не претерувам кога велам дека 25 проценти од градот исчезна. Многу, многу згради се урнаа – додаде Чкиуат.