Во Куманово живеат над 7.500 доселеници

Сподели со своите пријатели

Над 7.500 доселеници живеат во Куманово, покажува најновиот сет податоци што денеска го објави Државниот завод за статистика од минатогодишниот попис.

Loading...

Од вкупно 98.104 жители колку што има градот, 82.956 лица никогаш не се селеле, додека како доселеници се водат 7.525 граѓани.

За исто толкав број или 7.623 лица ДЗС не успеал да обезбеди податоци.

Меѓу доселениците најголем број се жени, односно 3.570 лица.

Најголем дел од нив, или 3.919 лица, се доселени во Куманово од некоја друга општина во државата, а 1.788 се доселени од друго место во истата општина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77 санкционирани возачи изминатиот викенд во Куманово

Како доселени од странство се регистрирани 1.818 лица, меѓу кои повеќето жени.

Вкупно 3.406 лица кои моментално се водат како жители на Куманово, биле родени во некоја друга држава.

Никола Ивановски

Loading...