Во Куманово од рано изутрина се слушаат истрели од огнено оружје. Истрелите доаѓаат од правецот на Зелен пазар, ул. Тоде Мендол, односно од повисоката зона на градот предоминантно населена со албанско малцинство.
Loading...
Во истовреме, Куманово го надлетува хеликоптер, а граѓаните со повик до нашата редакција, изразуваат сериозна загриженост за пукањето кое се слуша веќе половина час. Во обид да дознаеме што точно се случува, се обративме на 192, каде линијата беше нон – стоп зафатена, т.е беше невозможно да се воспостави контакт.
Според кажувања на граѓаните, во градот врие од вооружени полициски сили.