Во Куманово повеќе неженети мажи од немажени жени

Сподели со своите пријатели

Од вкупниот број на население во Куманово, 20.890 лица се неженети или околу 21 процент од населението.

Loading...

Меѓу неженетите побројни се мажите, а меѓу вдовците доминираат жените, покажува најновиот сет податоци на Државниот завод за статистика од пописот спроведен минатата година.

Вкупно 20.890 лица се неженети, а 51.103 се во брак. Меѓу неженетите доминираат мажите со вкупна бројка од 12.180, додека слободни се 8.710 жени.

Кај вдовците пак значително побројни се жените. Од вкупно 5.935 вдовци, 1.380 се мажи, а 4.555 се жени.

Како разведени се сметаат 1.353 лица, од кои 555 мажи и 798 жени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Државниот завод за статистика не успеал да обезбеди податоци за 1.672 лица.

Најголем број од неженетите очекувано се на возраст од 15 до 19 години.