Во израелските напади во Газа од 7 октомври убиени 39.145 Палестинци

Сподели со своите пријатели

Уште најмалку 55 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што бројот на загинати од 7 октомври достигна 39.145.

Loading...

„Окупационите израелски сили извршија уште три масакри во Појасот Газа во изминатите 24 часа, во кои загинаа 55 лица, а 110 беа ранети“, се вели во соопштението на Министерството за здравство во Појасот Газа.

Така, бројот на загинатите Палестинци од почетокот на израелските напади се зголеми на 39.145, а бројот на ранетите на 90.257.

Во соопштението се наведува дека голем број жртви се уште се заробени под урнатините.

Нагласено е дека спасувачките екипи не можат да вршат операции за пребарување и спасување поради континуираните израелски напади.