Во Германија, повеќе од 800 луѓе починаа како резултат на топлината

Сподели со своите пријатели

Над 800 луѓе годинава починаа во Германија како резултат на топлината, објави државниот институт Роберт Кох, додавајќи дека ова се однесува на периодот пред екстремната топлина на крајот на јуни.

„До 21 јуни, повеќе од 800 луѓе починаа како резултат на топлината, при што најголемиот број, 500 од нив, се однесуваат на луѓе над 85 години“, се вели во соопштението на државниот институт Роберт Кох.

Во возрасната група помеѓу 75 и 84 години, регистрирани се 190 смртни случаи предизвикани од топлината, додека кај оние помлади од 65 години, починале околу 40.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Литванија ја укина уставната одредба со која се забранува нуклеарно оружје

Делумен фактор

Во исто време, беше објавено дека анализата е спроведена во неделите пред доаѓањето на екстремната топлина во Германија на крајот на јуни, кога претходниот рекорд беше соборен на 41,7 степени.

Статистиката за смртни случаи од топлина може да се промени откако ќе пристигнат резултатите за најжешкиот период.

„Смртните случаи се предизвикани или од директен топлотен удар или како комбинација од високи температури и постоечки болести“, се вели во соопштението на Институтот Роберт Кох.

Во последните години, највисока смртност предизвикана од високи температури е забележана во 2018 година, кога 8.000 луѓе починаа како резултат на топлината.

Кога станува збор за статистиката за оваа година, поголемиот дел од починатите се жени, што се објаснува со фактот дека во групата граѓани над 85 години има повеќе жени отколку мажи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Крваво небо“ над Венецуела по земјотресот ги исплаши граѓаните: Еве што велат експертите!