Во Ел Салвадор секој ден исчезнува по едно лице

Сподели со своите пријатели

Невладините организации на Ел Салвадор денеска, повикувајќи се на податоци од обвинителството, соопштија дека поради недоволно обезбедување секој ден во таа земја исчезнува по едно лице.

Loading...

Државното правобранителство изброило 366 лица кои исчезнале за 12 месеци до 31 мај годинава, објави Работната група за исчезнати лица во Ел Салвадор, пренесува Ротерс.

Владата на Ел Салвадор, во меѓувреме, рече дека поминале повеќе од 650 дена без убиство откако претседателот Наџиб Букеле дојде на власт во јуни 2019 година и почна да се бори против криминалните банди.

Во март 2022 година, Букеле ја покрена таканаречената „мерка на исклучок“, според која се суспендираат одредени граѓански права, а осомничените се испраќаат на судења, а тој изградил „мега-затвор“.

Букеле стекна голема популарност поради подобрувањето на безбедноста, обезбедувајќи реизбор со 85 отсто од гласовите овој февруари, но групите за човекови права пријавија десетици смртни случаи во притвор и рекоа дека децата се произволно притворени, мачени и тепани.

Членот на здружението на невладини организации Идалија Зепеда рече дека 366-те исчезнати лица пријавени минатата година ќе претставуваат зголемување од речиси 10 отсто во споредба со проценките на Обединетите нации и Агенцијата за меѓународен развој на САД за претходната година.

Невладините организации отворија портал за граѓаните да можат преку интернет да ги регистрираат исчезнатите лица.

Претставниците на невладините рекоа дека овој регистар не треба да ја замени работата на Владата во обезбедувањето точни информации за јавноста.

Loading...

Организациите, исто така, го критикуваа владиниот комесар за човекови права, Андрес Гузман, за недоволната транспарентност за исчезнатите луѓе во Ел Салвадор, пренесува Танјуг.